x

Поглед внатре: Расклопен Samsung Galaxy S22 Ultra

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 10 Март, 2022 од GSM.mk

Откако неодамна го стави Galaxy S22 Ultra на тест за издржливост, каналот на YouTube JerryRigEverything сега го расклопи телефонот, давајќи ни увид во внатрешноста на уредот.

Јутјуберот Зак Нелсон реши да ни покаже како Samsung го направил слотот за S Pen водоотпорен. Слотот е покриен со густ пластичен материјал, кој е запечатен за да се спречи продирање на вода. На врвот на отворот има калем што ја полни батеријата на паметното пенкало.

Одвојувањето на задниот панел бараше загревање, а се забележува дека стаклениот панел и неговите засеци за камерите се трајно поврзани. Ако се скрши една од камерите на објективот, ќе биде неопходно да се замени целиот заден панел за да се поправи телефонот.

Батеријата се држи на место со големо количество лепило, а за да се одлепи било потребно да се прелие со голема количина изопропил алкохол.

По расклопувањето, следеше повторно склопување. Иако беше очигледно дека Samsung Galaxy S22 Ultra работи, екранот не се вклучи, а причината беше тоа што кабелот на дисплејот беше малку оштетен при расклопувањето на уредот.

Целосниот процес на расклопување погледнете го во видеото.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.