x

Поглед во Gran Turismo 7 на конзолите PS4, PS4 Pro и PS5

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 08 Март, 2022 од GSM.mk

Долгоочекуваната игрица „Gran Turismo 7“ денеска официјално пристигнува на пазарот, а благодарение на клипот објавен на видео сервисот YouTube, може да се види како ќе изгледа на достапните конзоли.

Корисниците на PlayStation 4, PlayStation 4 Pro и PlayStation 5 ќе можат да уживаат во играта „Gran Turismo 7“. Новата игрица пристигнува по повеќе од осум години откако „Gran Turismo 6“ се појави во 2013 година додека PlayStation 3 беше во сила.

Според првите реакции, се чини дека долгорочниот развој на со нетрпение очекуваната игрица ќе се исплати, бидејќи интересот за оваа реална симулација на трки со автомобили е огромен. „Gran Turismo 7“ носи многу егзотични автомобили, многу патеки, голем број опции за модификација на автомобили и многу повеќе.


Погледнете како изгледа игрицата на конзолите PS4, PS4 Pro и PS5 на Sony во приложеното видео.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.