x

Поглед во новиот Huawei Mate 40 Pro

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 28 Октомври, 2020 од GSM.mk

Кинеската технолошка компанија Huawei во четврток ја претстави својата нова серија Mate 40 на виртуелен настан.

Новиот Huawei Mate 40 Pro има флексибилен OLED „Horizon“ екран со дијагонала од 6,76 инчи, со брзина на освежување од 90 Hz.

Смартфонот има батерија од 4.400 mAh и брзо полнење до 66W, а кога станува збор за безжично полнење - до 50W.

На задната страна на телефонот се наоѓа кружен модул со камери со ист главен сензор од 50MP како и кај моделот Huawei P40 Pro. На импресивниот примарен сензор им се придружуваат ултраширокиот објектив од 20MP и 5x перископски зум објектив со резолуција од 12MP.

За повеќе информации погледнете ја одличната рецензија на Tech Spurt:


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.