x

Погледнете го трејлерот за новата видеоигра Assassins Creed Valhalla

Категорија: Забава Објавено на 01 Октомври, 2020 од GSM.mk

Ubisoft го објави и најновиот трејлер за видеоиграта „Assassin’s Creed Valhalla“.

Трејлерот го прикажува протагонистот Еивор и неговиот брат кој се обидува да му помогне, но од друга страна е неговата желба за слава и моќ.

Викинзите ја напуштаат Норвешка во потрага по нови авантури и се движат кон Англија. Еивор се обидува да освои парче земја на територијата на Англија и да го продолжи животот таму.

Приказната е слична на сценариото на „Vikings“, па ако сте ја гледале серијата ќе ви се допадне оваа видеоигра.

Играта пристигнува на 10 ноември и ќе биде достапна за Xbox Series X конзолата, за PC, PS4, a верзијата за PS5 пристигнува на 12 ноември.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.