x

Pokemon GO доаѓа на Apple Watch!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 11 Септември, 2016 од GSM.mk

Иако возбудата и лудилото околу Pokemon GO полека се смирува, сепак сеуште постои голем интерес за играта. Сега, можете да фаќате покемони и од вашиот паметен часовник...

Верзијата на Pokemon GO за Apple Watch работи целосно самостојно, а преку неа можете да фаќате покемони без воопшто да го извадите вашиот телефон. Апликацијата ќе ви кажува кои покемони се во близина, ќе може да собирате работи од Pokestops и да видите уште колку километри треба да одите за да се „испили“ вашето јајце.

Она што е добро е дека часовникот автоматски ги брои вашите чекори и воопшто не мора да го вадите телефонот, а со тоа штедите батерија. Верзијата за Apple Watch доаѓа до крајот на овој месец.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.