x

Pokemon Go е повторно најиграна игра во светот!

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 04 Ноември, 2016 од GSM.mk

Pokemon Go беше најпрофитабилна игра во голем број земји првата недела откако излезе. Но, по некое време, играта падна 9 места и претходната недела беше на 10-тото место во App Store.. И потоа дојде Haloween!

Со појавата на новиот Haloween upgrade, играта успеа повторно да се искачи на врвот на листата. Pokemon Go Haloween, по кој сите лудаваат, е достапен од 3 ноември, и има голем број страшни покемони кои можете да ги фатите.

Pokemon Go е една од најпопуларните игри со милион фанови низ целиот свет. Специјален додаток, наречен Pokemon Go Plus Accessory, беше пуштен во продажба минатиот месец за најголемите фанови на играта.

Со доаѓањето на празничната сезона, голема е веројатноста компанијата да изненади со уште некој upgrade на играта! 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.