x

Покрај Samsung, и Huawei работи на телефон на преклопување

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 29 Јули, 2018 од GSM.mk

Samsung веќе подолго време работи на телефон на преклопување и во моментов, уредот е поблиску од кога и да е. Но, покрај Samsung, уште една компанија работи на ваков телефон..

Уредот на Samsung, кој ќе биде наречен Galaxy F and not Galaxy X, го очекуваме во 2019 година, но уште една компанија започна производство на телефон на преклопување. Додека целото внимание е насочено кон Samsung, најголемата кинеска компанија во светот на смартфоните планира да не изненади со нов телефон со ист ретро дизајн.

Huawei работи на телефон на преклопување со флексибилен дизајн и планира да го претстави истиот пред Samsung. Исто како Samsung, кинеската компанија планира да го претстави уредот во 2019 година, во партнерство со BOE Technology Group - најгoлемиот производител на екрани на глобално ниво. 

Покрај големото внимание, ваквиот потег ќе докаже дека Huawei е иновативна компанија, а не само копија на сите уреди кои веќе ги гледаме на пазарот. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.