x

Порано од очекувано: Ова е Galaxy Note 9 со подобрени камери

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 05 Август, 2018 од GSM.mk

Доколку имавте некакви сомнежи за спецификации или дизајнот со кој ќе доаѓа новиот уред на Samsung во Note серијата, без грижа, компанијата конечно официјално потврди дел од карактеристиките со новиот промо постер..

Станува збор за промо постер од Galaxy Note 9, кој сега за сега е достапен само на официјалната веб-страна на Samsung во Нов Зеланд. Фотографијата, која може да ја погледнете подоле, потврдува дека името на уредот официјално ќе биде Note 9, како и дека доаѓа со подобрени камери. Инаку, смартфонот официјално ќе биде најавен на 9 август. 

Досега ни е познато во кои бои ќе доаѓа уредот, а на фотографијата е забележана сината верзија со жолто S Pen пенкало. Ова е единствената варијанта каде пенкалото не е иста боја со уредот. Со други зборови, црниот Note 9 има црно пенкало, виолетовата верзија има виолетово пенкало и така натака.

Доколку сте заинтересирани, цените за купување на Galaxy Note 9 ќе започнуваат од околу 900-950 долари, за верзијата со 128GB меморија, додека онаа со 512GB меморија ќе чини околу 1200 долари. 

Samsung unveils the Galaxy Note 9 early, confirms redesigned rear camera

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.