x

Потребна ви е мотивација? Оваа апликација ве плаќа да вежбате!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 28 Август, 2016 од GSM.mk

"Чекорите се пари“, е мотото на Sweatcoin. Доколку ви е потребна мотивација за да почнете со вежбање, тогаш оваа нова мобилна апликација ќе го реши вашиот проблем. Услугата Sweatcoin ја следи вашата активност и ви плаќа за направените чекори.

За секои 1 000 чекори, корисникот заработува една виртуелна паричка (SWC). Станува збор за виртуелни пари кои што можете да ги користите за да купите реални производи од партнерите и соработниците на апликацијата. На пример, може да купите спортска облека, обувки, (едни патики чинат околу 250 SWC) или да вежбате со личен тренер (еден час чини околу 45 SWC).

Апликацијата ја направиле руските истражувачи Антон Дерљатка и Олег Фоменко, а засега таа е достапна само во Велика Британија, единствено за корисниците на Ајфон. Се планира апликацијата да се појави и на други места и да може да ја користат и корисниците на Андроид. Тие веруваат дека виртуелните пари се иднината, а воедно сакаат да ја зголемат мотивацијата кај љубителите на спортот, а со тоа да промовираат здрав начин на живот.

Sweatcoin содржи алгоритами кои што нема да му дозволат на корисникот да лаже или да „мести“ резултати, односно чекори. Програмата исто така се служи и со GPS.

Извор: Think.mk

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.