x

Потврдено: Apple се збогуваше со iPhone X, iPhone SE и iPhone 6s

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Септември, 2018 од GSM.mk

Apple официјално ја претстави новата iPhone линија, и како што беше очекувано, некои од старите уреди нема да бидат повеќе дел од неа..

Како и секоја година, при претставувањето на новите модели, Apple обично ја намалува цената на дел од постарите, со цел да останат сеуште привлечни за дел од корисниците. Покрај тоа, на дел од нив целосно ја прекинува продажбата.

Додека Apple ја поднови мапата со новите модели, потврдувајќи ги нивните имиња, боите во кои ќе бидат достапни и новите Apple Watch Series 4 уреди, дел од старите смартфони не беа пристуни. 

Почнувајќи од најскапиот од нив, на новата мапа нема никакви знаци од iPhone X. Наместо тоа, единствена рефернца на минатогодишниот модел се додатоците кои се поврзани со него. Причината позади ваквата одлука е најверојатно тоа што цената на новиот iPhone XR е 750 долари, а на iPhone XS почнува од 1000 долари, поевтиниот iPhone X ќе ја отстрани разликата во цената меѓу премиум и буџетскиот телефон. 

За жал, покрај него, Apple ќе се збогува и со веќе старите iPhone 6s, 6s Plus и iPhone SE. Тоа значи дека официјално, новите најевтини модели ќе бидат iPhone 7 и 7 Plus.  

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.