x

Потврдено: Xiaomi Mi Mix 3 доаѓа со 10GB RAM и 5G!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 18 Октомври, 2018 од GSM.mk

Xiaomi веќе го потврди дизајнот и датумот на претставување на Mi Mix 3, а деновиве се запознавме и со неговите спецификации..

На својата Facebook страна, Xiaomi најави дека Mi Mix 3 ќе биде "првиот телефон во светот" кој ќе доаѓа со 5G поддршка. Технички, Moto Z3 е првиот телефон кој се појави со 5G поддршка, но за негова компатибилност потребен е посебен 5G Moto Mod, кој ќе биде достапен дури во јануари, следната година. 

Кога зборуваме за нови спецификации, Xiaomi истотака потврди дека Mi Mix 3 ќе биде првиот уред кој ќе нуди 10GB RAM. За жал, достапноста на оваа верзија ќе биде ограничена на само неколку пазари. Наместо неа, на глобално ниво ќе бидат достапни верзии со 6GB RAM и 8GB RAM. 

Претставувањето на Mi Mix 3 е закажано на 25 октомври. Првите недели, уредот ќе се продава само во Кина. Ќе биде достапен во зелена, црна и сина боја. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.