x

Познат датумот Apple кога ќе ги претстави новитетите на WWDC20

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 10 Мај, 2020 од GSM.mk

Компанијата Apple го објави датумот кога ќе ги претстави новитетите поврзани со iOS, MacOS, iPadOS, WatchOS, TVOS и уште многу други новитети.

WWDC20 конференцијата ќе започне на 22 јуни. Тоа вооедно ќе биде и датумот на главниот настан во Калифорнија на кој се прикажуваат новите ажурирања и софтвер, пишува Independent.

Аpple за прв пат ќе биде домаќин на овој настан, а програмерите ќе го следат настанот од дома поради пандемијата предизвикана од коронавирусот.

„WWDC20 ќе биде најголемиот настан на кој ќе споделиме нови информации за плановите на Apple. Едвај чекаме со програмерите од целиот свет да ги споделиме сите алатки на кои работевме досега за да им помогнеме да создадат уште поневеројатни апликации и услуги, вели шефот на маркетинг на Apple“, Фил Шилер.

Apple во иднина ќе ги споделува сите информации преку Apple Developer апликацијата, наведува компанијата.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.