x

Познат дизајнот на новиот евтин iPhone за 2019 година

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 16 Мај, 2019 од GSM.mk

Изгледа дека моделот iPhone XR, кој Apple го замисли како евтина, буџетска верзија на стандардниот модел беше најпродаваниот смартфон за 2019. Поради тоа, компанијата уште отсега почна да работи на новата верзија на овој модел.

Претходно на интернет протекоа фотографии и рендери од моделите iPhone XI и XI Max кои се покажаа како точен показател за дизајнот на овие телефони, а сега се појавија и нови фотографии на кои е покажан моделот iPhone XR од новата генерација.

Како и на останатите модели од новата генерација на Apple, системот од камери на задниот дел е сместен во квадратен одделен дел, но овојпат има две наместо четири камери. Новиот iPhone XR има екран од 6,1 инчи, но нешто потенко куќиште од само 7,8 милиметри.


Се претпоставува дека овој модел ќе ја наследи истата камера од iPhone XS, која е составена од две леќи: едната стандардна и другата телефото леќа. Последното нешто што беше откриено преку протечени информации е дека моделот ќе има нов USB-C приклучок и можност за брзо полнење од 18W.

Дизајнот за iPhone XI, XI Max и iPhone XR го потврдија и производителите на дополнителна опрема, чии куќишта, односно силиконски маски за истите, се соодветни на дизајнот кој е откриен во видеото подолу.


Важно е да напоменеме дека iPhone XR ќе биде најевтиниот телефон од понудата на Apple за оваа година.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.