Според последните информации, претстојниот смартфон OnePlus 9 Pro ќе има заоблен екран.

OneLeaks и Voice тврдат дека новиот смартфон OnePlus 9 Pro ќе има заоблен екран како и моделот 8 Pro.
Новиот OnePlus 9 Pro ќе има 6,55-инчен екран. На задната страна на смартфонот ќе биде сместен модул за камери сличен како на Samsung Galaxy Note 20, а моделот Pro би можел да има 4 камери.
Сè уште нема повеќе информации за перформансите, но се очекува дека ќе има Snapdragon 800 процесор.
OnePlus би требало да го претстави моделот 9 Pro во март 2021 година.
Извор: kajgana.com
Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.