x

Познати спецификациите на новиот Samsung GT-N5100

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 17 Јануари, 2013 од Бошко Лазаровски

Познати се спецификациите за новиот Galaxy Note GT-N5100

Samsung GT-N5100 ќе дојде во две верзии: GT-N5100 3G / Wi-Fi верзија и GT-N5110 Wi-Fi верзија. Името на GT-N5100 ќе биде Samsung Galaxy Note 8.0. Новиот Galaxy Note 8.0 ќе користи 8" 1280 x 800 TFT ( Super Clear LCD ) дисплеј, 5 MP задна камера, 1.3 MP предна камера, 2 GB RAM меморија, 16 / 32 GB внатрешна меморија + слот за microSD. Батеријата ќе му биде 4600 mAh. Galaxy Note 8.0 ќе има доста начини за конекција како Bluetooth 4.0, USB 2.0 и Wi-Fi 802.11 b/g/n стандарди и A-GPS. Димензиите на таблетот ќе бидат 211.3×136.3×7.95 mm, а ќе тежи околу 330 грама. Уредот ќе работи на Android 4.2 Jelly Bean.

Од Samsung сакаат да го претстават овој таблет на MWC 2013 во Барселона.

Како што можете да видите спецификациите не се ништо посебно. Galaxy Note 8.0 изгледа дека ќе биде евтин ривал на iPad mini со S-PEN функции секако.
Ова ќе биде четвртиот уред од серијата Note на Samsung. Веќе ги има Gaaxy Note, Galaxy Note II и Galaxy Note 10.1.


Спецификации:

Кодно име: Kona
Android: верзија 4.2 Jelly Bean
Официјално име: GALAXY Note 8.0 (3G, Wi-Fi)
Код на продуктите: GT-N5100, GT-N5110
Батерија: 4600 mAh
Димензии: 211.3×136.3×7.95 mm , 330 gram.
Дисплеј: 8.0”1280×800 TFT (Super Clear LCD)
GSM мрежи: EDGE (850/900/1800/1900) HSPA+21.1Mbps, HSUPA 5.76Mbps (850/900/1900/2100)
Камера 5 Megapixel (задна)
Камера 1.3 megapixel (предна)
RAM + Простор за зачувување: 2GB (RAM) + 16/32GB (по избор) + microSD (до 32GB)
Конекции:  BT 4.0, USB 2.0, Wi-Fi 802.11 a/b/g/n, A-GPS

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.