x

Познати спецификациите на Samsung Galaxy Tab S4!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 19 Февруари, 2018 од GSM.mk

Иако Samsung фановите се фокусирани на претставувањето на новите смартфони, Galaxy S9 и S9 Plus, компанијата планира да најави уште еден уред до крајот на месецот, таблетот Galaxy Tab S4..

Иако Galaxy S9 ќе биде во центарот на вниманието, заедно со него Samsung ќе го претстави и Galaxy Tab S4. Ненајавениот таблет се појави на GFXBench, заедно со неговите спецификации.

Станува збор за премиум таблет, кој ќе доаѓа со 4GB RAM и 64GB меморија. На задната страна, ќе се наоѓа 12 мегапикселна камера, а селфи камерата ќе биде од 8 мегапиксели. Во внатрешноста, ќе се наоѓа Snapdragon 835 процесор. 

Дисплејот на Galaxy Tab S4 ќе биде 10.5 инчен со резолуција од 2560 x 1600 пиксели. Ќе работи на Android 8.0 Oreo. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.