x

Познато како ќе изгледа Samsung Galaxy Tab A8

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 08 Ноември, 2021 од GSM.mk

Првите информации за таблетот Galaxy Tab A8 на Samsung се појавија во септември, потоа почнаа да се откриваат детали за спецификациите, а сега протече и првиот официјален рендер.

Galaxy Tab A8 ќе биде пристапен таблет кој ќе чини 260 долари. Ќе има 10,5-инчен LCD екран со резолуција од 1.920x1.200 пиксели, формат 16:10 и брзина на освежување од 60Hz.

Таблетот ќе има четири звучници и поддршка за технологијата Dolby Atmos, а ќе бидат достапни и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки и USB-C приклучок.

Куќиштето ќе биде изработено од алуминиум, а таблетот ќе се напојува со процесор Unisoc Tiger T618. Ќе има модел со можност за Wi-Fi конекција, но и модел кој поддржува и LTE мрежа.

Производството на Galaxy Tab A8 се очекува кон средината на декември, додека производството на моделите S8 Plus и S8 Ultra со OLED екрани започнува кон крајот на јануари.

Уредите треба да бидат претставени во јануари или февруари.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.