x

Познато кога Apple ќе го претстави смартфонот на преклоп

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 06 Мај, 2021 од GSM.mk

Преклопниот смартфон на Apple се очекува да биде претставен во 2023 година.

Познатиот аналитичар Минг Чи Куо тврди дека Apple ќе произведе смартфон на преклоп кој ќе има 8 инчен QHD+ флексибилен OLED екран.

Според него, телефоните на преклоп во иднина ќе ја намалат разликата меѓу смартфони, таблети и лаптопи, а Apple ќе биде водечката компанија во новиот тренд.

Сè уште нема многу информации за овој уред бидејќи Apple ја тестира новата технологија за овој уред.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.