x

Познато кога God of War: Ragnarok ќе пристигне на PS5 и PS4

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 12 Јули, 2022 од GSM.mk

Авантурите на Кратос и неговиот син продолжуваат, а сега го знаеме датумот кога ќе се појави најновата игра од популарната франшиза.

Sony потврди дека God of War: Ragnarök, продолжението на популарната игра од 2018 година, ќе пристигне на PlayStation 5 и PlayStation 4 на 9 ноември.

Ова ги потврдува претходните најави за ноемвриско издание за насловот и би требало да биде одлична вест за оние кои беа загрижени дека играта ќе биде одложена до 2023 година.

Многу големи претстојни наслови (како што е Starfield на Bethesda), првично планирани за објавување оваа година, се одложени за следната година. Има многу причини за одложувањето - пандемијата на коронавирус, лошите услови за работа на програмерите или стандардните проблеми при објавувањето на еден ААА наслов.

God of War: Ragnarök го доби и најновиот трејлер, кој не ни носи гејмплеј, но можеме да ги видиме Кратос и Атреус во акција за време на борбата против разни непријатели и чудовишта.




Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.