x

Познато кога Google ќе го претстави смартфонот на преклоп

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Јуни, 2021 од GSM.mk

Според последните информации, компанијата Google оваа година ќе го претстави смартфонот на преклоп Pixel.

За уредот под назив Pixel Fold се шпекулира уште минатата година, а сега се појави информација дека овој уред ќе биде претставен кон крајот на оваа година.

Јужнокорејските медиуми пишуваат дека Samsung ќе започне да произведува OLED панели на преклоп во октомври и ќе ги испорачува на Google, Vivo и Xiaomi. Сите три компании ќе ги претстават своите преклопни смартфони кон крајот на оваа година.

Google не крие дека ќе произведе смартфон на преклоп, а во 2019 година ја претстави апликацијата за патентирање на сопствените смартфони на преклоп. Google развива и уред под назив Passport. Овој смартфон ќе има 7,6-инчен панел.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.