x

Познато кога ќе биде претставен Samsung Galaxy Note 20

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 23 Мај, 2020 од GSM.mk

Компанијата Samsung онлајн ќе го претстави смартфонот Galaxy Note 20 во август.

Ова ќе биде првпат еден уред од серијата Note да не биде претставен јавно и пред повеќе луѓе.

Samsung по обичај ја претставуваше серијата Note во Њујорк во текот на летото, а минатата година Note 10 и Note 10 Plus беа претставени на 7 август. Овој настан ќе биде тешко да се организира преку летото поради ситуацијата со коронавирусот, така што од компанијата се одлучија за онлајн претставување.

Засега не е познат точниот датум, а се очекува дека Samsung ќе го претстави и моделот Note 20 Plus.

Гласините се дека Galaxy Note 20 ќе има камера од 108 МP, како и Qualcomm Snapdragon 865 процесор.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.