x

Познато кога ќе биде претставена новата Sony Xperia

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 08 Април, 2021 од GSM.mk

Sony на 14 април ќе ја претстави новата линија на смартфони Xperia.

Се очекува дека ќе го претстават новиот флегшип Xperia 1 III. Според гласините, смартфонот ќе има 6,5-инчен OLED екран со 4К резолуција.

Исто така, најверојатно ќе биде претставен и новиот Xperia 10 III кој ќе има 6 GB RAM и Snapdragon 765G процесор.

Според гласините, ќе биде претставен и Xperia Compact со 5,5-инчен екран, но само за јапонскиот пазар.

Наскоро ќе дознаеме многу повеќе информации.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.