x

Пред 27 години испратена е првата СМС порака!

Категорија: Занимливости Објавено на 06 Декември, 2019 од GSM.mk

Инженерот Нил Папворт од IT компанијата SEMA ја пратил првата СМС порака пред 27 години.

Папворт, експерт за софтвер, ја пратил пораката „Честит Божик“ на 3 декември, 1992 година од компјутер, преку мрежата на Vodafone, на мобилниот телефон на тогашниот шеф на Vodafone Ричард Џарвис.


Тогаш бил создаден нов стандард за комуникација меѓу мобилните телефони.

Папворт тогаш не добил одговор, со оглед на тоа дека мобилните телефони уште не биле оспособени да „одговараат“ на СМС пораки, туку само да ги примаат.

Тој тогаш рекол дека немал претстава дека се работи за „монументален момент“.

СМС комуникацијата се развила дури неколку години подоцна, со оглед на тоа дека мобилните телефони на почетокот примарно се користеле за повици.

Во Велика Британија од 2012 година опаѓа бројот на испратени СМС пораки. Во изминатите десетина години, бројот на испратени СМС опаѓа на сметка на развивањето на апликации за допишување како  Facebook Messenger, Viber и WhatsApp.

Сеприсутниот интернет кој нуди бесплатно допишување преку разните апликации дополнително ги турка СМС пораките во заборав. Денес најчесто пишуваме СМС во итни случаи или кога немаме пристап до интернет.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.