x

Пред 34 години, Стив Џобс на јавноста и го претстави првиот Macintosh

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 26 Јануари, 2018 од GSM.mk

Пред 34 години, Стив Џобс на јавноста ѝ го претстави првиот Macintosh компјутер.

На 24 јануари 1984 годинина, во Флинт центарот во Калифорнија, Стив Џобс го претстави првиот Macintosh компјутер.

Аpple Macintosh го носи своето име по сорта јаболкa кои тогаш вообичаено се одгледувале во Канада. Првата реклама за Macintosh била премиeрно емитувана за време на полувремето од американскиот Супер Боул, а ја режирал славниот Ридли Скот. 

Инаку, Macintosh не е првиот компјутер на Apple. Тоа свечено место му припаѓа на Apple 1, кој бил лансиран во јули 1976 година.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.