x

Предупредување за корисниците на Samsung: Не преземајте ја оваа апликација

Категорија: Совети Објавено на 29 Декември, 2021 од GSM.mk

На корисниците на Samsung не се препорачува да користат стриминг апликации за филмови од Google Play Store бидејќи некои од овие апликации се штетни.

Продавницата за апликации на Samsung Galaxy Store има штетни стриминг апликации за гледање филмови, открива порталот Android Police.

Не се препорачува користење на апликацијата Showbox бидејќи е откриено дека е потенцијално опасна откако е направена проверка за вируси. Некои од нив бараат премногу дозволи, вклучително и пристап до контактите и повиците на телефонот.

Со оглед на тоа дека Galaxy Store не го покажува бројот на инсталации, тешко е да се процени колку пати се симнати тие сомнителни апликации од страна на корисниците на Samsung па досега.

Од Samsung досега не го коментираат овој случај, па можеби е подобро корисниците на Samsung да преземаат апликации од Play Store.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.