x

Премиерата на BlackBerry 10 ќе биде на неколку места во светот

Категорија: Новости // Бизнис Објавено на 18 Декември, 2012 од Горан Николоски

BlackBerry 10,тргнува со пат околу светот!

Веќе стана јасно дека на 30 јануари ќе се одржи официјалната премиера на новата платформа BlackBerry 10, а малку подоцна ќе почнат и продажбите на првите телефони со неа. RIM почна да испраќа покани за настаните во Њујорк, Торонто, Лондон, Париз, Јоханесбург и Дубаи на кои очекуваме да бидат најавени и новите паметни телефони или барем еден од нив - веројатно тоа ќе биде уредот, со управување само на екран на допир. Подоцна во текот на годината би требало да видиме и модел со QWERTY тастатура.

Во меѓувреме, компанијата почна да испраќа верзии на BlackBerry 10 на своите корпоративни и владини клиенти, за да можат тие да се запознаат со платформата пред нејзината трговска премиера. Во тоа нема ништо необично, бидејќи бизнисот на канадската компанија зависи исклучително од овој тип корисници.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.