x

Претставувањето на Huawei Mate X повторно одложено: Уредот ќе пристигне подоцна од Galaxy Fold!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Август, 2019 од GSM.mk

Речиси шест месеци од кога беа прв пат најавени, сеуште нема официјален датум на претставување ниту за Galaxy Fold, ниту за Mate X..

Иако доаѓаат со драстично различен дизајн, овие два флексибилни уреди наиода на сличен проблем во своето производство. Додека Samsung веќе еднаш го претстави својот модел, кој имаше големи проблеми со дисплејот уште во првата недела и беше повлечен, Huawei го откажа своето претставување, а официјалниот втор датум сеуште го нема споделено.

Иако очекувавме Huawei да го претстави својот уред прво, изгледа дека сепак нема да биде така. Додека Samsung наводно ги реши проблемите со екранот и го подобри Galaxy Fold кој повторно го очекуваме следниот месец, фановите на Mate X ќе треба да чекаат до ноември за да го видат овој смартфон. 

Сеуште не е позната причината позади второто откажување на претставувањето на Huawei, но бидејќи станува збор за прилично уникатен дизајн и технологија, најверојатно компанијата сака да биде сигурна во неговата функционалност и да не ја направи истата грешка како Samsung, која мораше да го повлече уредот од пазарот и да ги разочара корисниците. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.