x

Преуредете го вашиот дом користејќи ја оваа апликација

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 23 Септември, 2013 од Теодора Нарашанова

Доколку одамна сте сакале да промените нешто во вашиот дом, но сте биле скептик за тоа дали би испаднало како што си замислувате, оваа апликација ќе ви овозможи 3D визуелизација и ќе ви помогне во изборот.

Homestyler е апликација која ќе ви овозможува да го направите вашиот дом како што сте посакувале од секогаш без притоа да трошите огромна сум на пари за совети и идеи.

Не само што ќе бидете во можност да ги следите сите трендови и да прочитате нешто повеќе во врска со дизајнот што го посакувате, исто така ќе можете преку слика од собата која сакате да ја преуредите да експериментирате и да испробувате со боја и мебел се додека не го најдете тоа што го сакате.

Преку оваа апликација можете да најдете дизајнери кои се наоѓаат во околината или пак дизајнери чиј стил е сличен со она што го барате. Можете да споделувате проблеми и прашања и да добивате совети во врска со истите.

Доколку сте Android корисник за да ја имате оваа апликација кликнете тука!
Доколку сте iOS корисник за да ја имате оваа апликација кликнете тука!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.