x

Принцот Хари смета дека видеоиграта „Fortnite“ треба да биде забранета

Категорија: Занимливости Објавено на 20 Мај, 2019 од GSM.mk

Како член на кралското семејство, принцот Хари многу ретко добива шанси да зборува за глобални трендови, видеоигри и социјални мрежи. Но, тоа не значи дека не го забележува нивното постоење, без разлика дали неговото мислење е позитивно или негативно

Зборувајќи на отворен панел за психичкото здравје на децата, 34-годишниот принц ги критикуваше социјалните мрежи и ги оцени како „поопасни од дрогата и алкохолот“.

„Социјалните мрежи создаваат поголема зависност од дрогата и алкохолот, а се дури и поопасни бидејќи се нормализирани и не постојат никакви рестрикции против нив“, изјави Хари.

Покрај социјалните мрежи, критика од Хари добија и видеоигрите. Според него, опасноста демне и во форма на играта „Fortnite“, која смета дека треба да биде забранета.

„Која е поентата на поседување на таа игра во вашиот дом? Нејзината намена е да ги направи луѓето зависни – зависност која ве држи залепени за компјутерот што е можно подолго. Тоа е целосно неодговорно“, додаде Хари.

За време на настанот, Хари го коментираше и психичкото здравје на децата. Тој рече дека голем дел од децата имаат голем проблем бидејќи не можат никому да кажат за нивните психички проблеми. Според него, тешко е децата да зборуваат отворено кога се соочуваат со толку голем притисок од околината.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.