x

Prisma сега работи и офлајн!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 25 Август, 2016 од GSM.mk

Една од најпопуларните апликации во моментот, нормално покрај Pokemon Go, конечно ќе добие можност да работи и без поврзаност на Интернет...

Досега, за да ги користите различните филтри на апликацијата, моравте да бидете поврзани на Интернет, иако не беше точно специфицирано како сето ова функционира. Претпоставуваме дека вашата слика се прикачуваше на некој сервер и потоа се процесираше надвор од вашиот телефон.

Сега, кога апликацијата функционира исклучиво на телефонот, можете да ја процесирате за само 5 секунди на iPhone 6s. За жал, офлајн верзијата нуди само 16 од вкупно 32 филтри, но компанијата ветува дека ќе ги добиеме и останати наскоро. Офлајн верзијата во моментот функционира само на iOS уредите.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.