x

Пристигна големиот апдејт за Windows 10

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 01 Мај, 2018 од GSM.mk

И покрај тоа што големиот апдејт на Windows 10 требаше да пристигне порано месецов, сепак се појавија неочекувани багови кои го одложија неговото промовирање. Но сега, конечно, пристигнува новиот априлски апдејт.

Windows 10 April Update, кој претходно беше познат како „Spring Creators Update“ за некои корисници ќе биде достапен од денеска, но нема да биде глобално достапен пред втората недела од месец мај.

Имено, Windows 10 April Update ќе биде достапен за „рачно“ преземање од понеделник, 30 април, за неговото име и понатаму да има смисла, додека автоматскиот апдејт на сите компјутери ќе почне на 8 мај, како дел од Patch Tuesday надградбата.

Покрај измената наречена Fluent Design, која ќе се фокусира на визуелниот дел од овој оперативен систем, тука е и новата функција на Windows 10, наречена Timeline.

Windows 10 Fluent Design

Таа ќе им овозможи на корисниците да ги користат апликациите на Windows 10 од различни уреди и да продолжат со работата онаму каде застанале. Исто така, ќе биде достапна и синхронизација на пребарувањата со iOS и Android уредите на корисникот.

Уште еден апдејт за Windows 10 би требало да биде достапен до крајот на оваа година, а моментално тој е познат под името Redstone 5, пренесува Benchmark.

Покрај Redstone 5, Microsoft има во план да ја промовира и Windows 10 Lean Edition, намалена верзија на оперативниот систем која ги има само основните функции, а таа е наменета за уредите со помала меморија и послаби спецификации.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.