x

Пристигна најновата бета верзија на Android 12

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 13 Септември, 2021 од GSM.mk

Google ја објави петтата и последна бета верзија за телефоните Pixel (вклучително и Pixel 5a) и неколку уреди на други производители, нудејќи уште еден поглед на најновиот софтвер на ИТ гигантот, пред да пристигне конечната верзија.

Имате последна шанса да го испробате Android 12 пред неговото официјално деби. Beta 5 е верзија за издание со вообичаени ажурирања во последен момент и подобрувања во перформансите, затоа не очекувајте големи промени од beta 4, па дури и beta 3.

Завршениот софтвер треба да се појави „во наредниве недели“, соопшти Google. Ако биде како досега, само сопствениците на Pixel први ќе го добијат Android 12 - корисниците на телефони од други производители ќе треба да чекаат другите да ги прилагодат и имплементираат нивните изданија во наредните месеци.


Material You останува најзабележителната промена во Android 12, вклучувајќи сеопфатно освежување на интерфејсот, пофлуидни анимации, како и теми во боја што се прилагодуваат на вашата позадина. Исто така, ќе видите повеќе карактеристики за приватност, вклучително и специјална контролна табла за приватност, како и копчиња и индикатори за употреба за камери и микрофони.

Исто така, има посуптилни подобрувања „под хаубата“, како што се автоматско вртење базирано на камера и прелистувач на уредот што помага да се најде содржина во вашите апликации. Ова не е огромен скок во некои аспекти, но може да обезбеди нешто свежо и ново за Android ако мислите дека претходните изданија беа малку застарени.


Извор: Кајгана.мк


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.