x

Пристигна официјалниот трејлер за Football Manager 2019

Категорија: Забава Објавено на 30 Октомври, 2018 од GSM.mk

Најпознатата фудбалска симулација во светот денеска доби нов трејлер кој го најавува пристигнувањето на нова, уште повозбудлива верзија на култната видеоигра.

Бета верзијата на „Football Manager 2019“ е веќе излезена и добива исклучително позитивни реакции, но љубителите на оваа игра со нетрпение ја чекаат целосната верзија.

Од компанијата Sports Interactive Games најавуваат дека вистинските фанови ќе имаат на што да се радуваат со излегувањето на новата „Football Manager 2019“. Според нив, симулацијата е подобрена во однос на претходната верзија и овојпат има уште повеќе опции отколку претходно.

Мајлс Џејкобсон, кој е директор во компанијата Sports Interactive, вели дека ова е најнапредната и најкомплицирана симулација во светот на видеоигрите. Тој полага големи надежи во реалистичноста и автентичноста на фудбалското искуство, па поради тоа уверува дека секој оној кој ужива во фудбалската игра ќе биде фан и на „Football Manager 2019“.

Продажбата на „Football Manager 2019“ започнува на 2 ноември, а цената на Steam е 54,99 евра.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.