x

Пристигна првиот монолитен смартфон без дупки и копчиња!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Јануари, 2019 од GSM.mk

Се појавија фотографии од првиот монолитен уред, без дупки и копчиња, и мора да признаеме - изгледа одлично!

Станува збор за Meizu Zero, кој како што кажува самото име на уредот - доаѓа без никакви дупки, копчиња или отвори. Произведен е од кинеската компанија Meizu, која го опишува како уред со "едноделно керамичко тело, без никакви прекинувања". Уредот беше најавен во Кина, но неговата достапност сеуште не е позната.

Во однос на спецификациите, смартфонот нуди безжично и брзо полнење, од 18 вати - најбрзото кое досега сме го виделе кај смартфон. Наместо физички копчиња, уредот доаѓа со виртуелни копчиња кои реагираат на притисок и се што треба е да ги допрете за да се активираат. Интересно е што можете да кликнете на било кој дел од двете страни и копчињата ќе се активираат. Meizu Zero истотака доаѓа со висока водоотпорност.

Според зборовите на компанијата "Meizu Zero е како природен жад, без траги на вештачко производство. Станува збор за вистинска слика на идните трендови во дизајнот на смартфоните".

The world's first monolithic phone with no holes and no buttons looks stunning

Од останати карактеристики нуди:

  • 6 инчен AMOLED full-screen дисплеј
  • Snapdragon 845
  • Скенер за отпечатоци под дисплејот + Face ID
  • Две задни камери од 12 и 20 мегапиксели
  • Bluetooth 5.0
  • Брзо полнење

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.