x

Пристигна првиот смартфон на преклопување: 7.8 инчен дисплеј и цена од 1300 долари!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 02 Ноември, 2018 од GSM.mk

Првиот смартфон на преклопување конечно пристигна и доколку се прашувате, не, не станува за уред произведен ниту од Samsung, ниту од LG..

Всушност, станува збор за уред произведен од мала компанија во Калифорнија, наречен Royole FlexPai. Компанијата го опишува како "првиот смартфон на преклопување во светот", но повеќе наликува на таблет. Станува збор за голем, 7.8 инчен екран, кој кога ќе се преклопи има димензии од 4 инчи. Екранот е истотака произведен од Royole и е AMOLED.


Во однос на спецификациите, дисплејот е придружен од Android 9 Pie, Snapdragon 8150, 6/8GB RAM и 128/256 или 512GB меморија. На задната страна се наоѓа 16 мегапикселна главна камера, како и втор сензор од 20 мегапиксели. Кога не е преклопен, може да се користи како селфи камера. Батеријата е од 3,800mAh и доаѓа со Ro-Charge брз полнач, кој овозможува полнење од 0 до 80% за само 30 минути. 


Претпродажбата на уредот веќе започна во Кина, а неговата почетна цена е 1290 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.