x

Пристигна Samsung Galaxy А8(2018)!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 23 Јануари, 2018 од GSM.mk

Компанијата Самсунг Електроникс во декември го најави паметниот уред Галакси А8(2018) - новиот модел како надополнување на Галакси А серијата паметни телефони. Од овој месец Галакси А8(2018) пристигнува и во Македонија!

Самсунг Галакси A8 смартфонот е создаден за Милениумците и нивните истомисленици кои бараат практично, стилско и удобно мобилно искуство, за оние кои уживаат во креирањето на “селфи“ фотографии, во дружењето со пријателите и гледањето филмови или играњето игри користејќи ги своите паметни телефони.

Новиот смартфон Галакси А8(2018) пристигнува со Двојна Предна Камера (Dual Front Camera), голем “Бесконечен“ (Infinity) Дисплеј и неверојатен дизајн. Со дополнителни секојдневни карактеристики, Галакси А серијата е постилска, попрактична и поудобна за употреба, повеќе од порано.

Креирањето совршени “селфи“ фотографии сега е веќе реалност! Бидете единствените кои на социјалните мрежи ќе прикачат јасна и чиста “селфи“ фотографија со вашите најдобри пријатели, или пак доловете го неверојатниот гол со само еден клик на телефонот преку фотографија со неверојатен квалитет! Самсунг Галакси А8(2018), (Samsung Galaxy A8(2018))со својата 16MPзадна камера со фокус одF1.7 и 16MP+8MP ви дозволува да креирате јасни и чисти фотографии од вашето секојдневие.  Сакате да направите “селфи“ фотографија со вашите пријатели додека го следите вашиот омилен натпревар? Двојната Предната камера со фокус од F1.9 направена со две одделни камери ќе ви помогне во тоа. Напредната функција “Live Focus“ со ефектот “bokeh“ може да се прилагоди пред и откако ќе се фотографира, а вашите фотографии ќе бидат со висок квалитет.

Зачувајте ги сите мигови со снимање на совршено видео со Галакси А8(2018)! Видео снимките од вашите омилени спортски натпревари со технологијата за стабилизација на видео и дигитални слики (video digital image stabilisation technology - VDis), ќе изгледаат беспрекорно, а а  hyperlapse функцијатаќе ви овозможи да креирате, раскажувате и споделувате уште подолги видео клипови.

Доколку сакате телефон кој се карактеризира со добри перформанси и е направен за да трае подолг период, Галакси А8(2018) е вистинскиот избор за вас!

Сликајте... и уживајте во спортот со Самсунг Галакси А8(2018)!


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.