x

Пристигна шестата сезона на Fortnite: Подгответе се за темнината

Категорија: Забава Објавено на 01 Октомври, 2018 од GSM.mk

На чекањето му дојде крајот и шестата сезона на „Fortnite: Battle Royale“ конечно пристигна. Таа со себе носи огромен број новитети и изненадувања кои едвај чекаме да ги откриеме.

Низ трејлерите Epic Games ни покажа што можеме да очекуваме со новиот апдејт на играта. Првиот трејлер е повеќе кинематографски и говори за темнината, а во него може да се види како островчето од Лут Лејк го напушта неговото место.


Другиот трејлер ни го претставува новиот Battle Pass во кој за 10 долари играчите ќе имаат пристап до неверојатни скинови, многу полуди и креативни од порано. Она што посебно се истакнува се милениците. Играчите ќе можат да ги носат нивните миленици на грб, како еден вид ранец, а во понудата има голем број миленици, меѓу кои се наоѓаат обични кучиња и мачки, како и змејови.


Мапата има голем број нови локации, како што е гореспоменатиот пловечки остров, пченкарно поле, проколната куќа и уште многу други. Што се однесува до гејмплејот, пред играчите се наоѓа нова работа која можат да ја консумираат – Shadow stones. Тие ќе им овозможат на играчите да станат невидливи на неколку секунди додека стојат во место, но за тоа време нема да можат да пукаат од оружјето. Додека играчите се движат под дејство на Shadow stones, тоа ќе го прават побрзо и ќе можат да скокаат повисоко.

Голем број оружја ја напуштија играта, како импулс гранатите и далечинските експлозиви, а бурата стана побрза и со самото тоа посмртоносна.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.