x

Пристигнува новиот Samsung специјално направен за Олимпијадата

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 23 Јануари, 2018 од GSM.mk

Технолошкиот гигант Samsung е официјалниот партнер на Зимските олимписки игри кои оваа година ќе се одржат во Пјонгчанг а компанијата сега го претстави и лимитираниот специјален смартфон за Олимписките игри.

За да им пружи додатно уживање на спортистите, Samsung произведе 4.000 ексклузивни уреди, односно посебни изданија на Galaxy Note 8 смартфонот, кои ќе им ги подели на олимпијците како подарок за учеството на Зимската олимпијада.

Ова издание ќе има подобрени и нови функции во однос на Galaxy Note 8, покрај „бескрајниот“ екран од 6,3 инчи без рамка, пријатен за држење со една рака, како и подобрено S Pen пенкало за тачскрин и двојната камера на Samsung – најдобра во таа категорија.

Лимитираното издание на Note 8 ќе има сјајно бело стакло, со кое Samsung ги слави зимските теми и годишното време во кое се одржува олимпијадата, како и златни олимписки прстени – инспирирани од Олимпискиот оган.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.