x

Пристигнува првата Razer Android конзола

Категорија: Рецензии // Гаџети Објавено на 04 Октомври, 2022 од GSM.mk

Претставен е тизер за првата пренослива Android конзола на компанијата Razer.

Компанијата Razer, која многумина најдобро ја знаат по широката понуда на периферни уреди, се здружи со компаниите Qualcomm и Verizon за да ја направи својата прва гејминг конзола - Razer Edge 5G.

Секако, оваа конзола нема да биде ништо револуционерно, иако ја нарекуваат „прва пренослива 5G гејминг конзола на светот“, туку ќе ја подига Android оперативен систем. Значи, ќе биде нешто помеѓу паметен телефон и Nintendo Switch, односно Steam Deck конзола.

Razer Edge 5G се заснова на Snapdragon G3x Gen 1 Gaming платформата, која компанијата Qualcomm ја откри минатиот ноември како референтен дизајн. Тој уред доаѓаше со OLED екран со 6,55-инчна дијагонала и брзина на освежување од 120 Hz, вградена камера, четиринасочни звучници и можности за излез преку DisplayPort USB-C поврзување со монитор.

Во првиот тизер, се чини дека е Razer Edge 5G потрошувачката верзина на Qualcomm уредот. Дизајнот на уредот потсетува на Razer Kishi контролерот, кој сега е интегриран во сопствен самостоен хардвер, наместо да се продава како додаток за телефон.

URL

Сепак, кога оваа конзола конечно ќе биде лансирана на 15 октомври на RazerCon настанот, ќе видиме како купувачите ќе ја прифатат - особено доколку земеме предвид дека функционалноста ќе биде горе-доле како и кај паметните телефони кои ги носиме в џеб.




Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.