x

Продавниците ги блокираат Apple Pay и Google Wallet

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 27 Октомври, 2014 од GSM.mk

Компаниите како Google и Apple веќе подолго време пробуваат да ни влезат во нашите паричници и по се изгледа најдоа буквален начин како да го направат тоа. Сепак, ќе мора да се соочат со остра конкуренција...

Apple Pay и Google Wallet го користат вашиот мобилен телефон наместо кредитна/дебитна картичка или кеш за да платите во различни продавници. Системот би требало да го направи плаќањето посигурно и поедноставно, а засега е компатабилен само со најновите и најдобрите модели, како на пример iPhone 6 и iPhone 6 Plus.

Од друга страна, голем број на брендови и продавници не дозволуваат плаќање преку овие два методи, вклучувајќи ги Walmart, Target, CVS, Best Buy, Dunkin Donuts, Gap, 7-Eleven, Sears и уште многу други. Овие брендови имаат склучено договори уште во 2012-та година со трет конкурент, наречен CurrentC, кој има поддршка од MCX, односно Merchant Customer Exchange.

Иако сеуште нема поврзаност со банки и комерцијална апликација, сепак CurrentC и неговите партнери уште отсега ја започнуваат војната со Apple и Google за наплата преку нивните уреди.

Ова значи дека кон почетокот на идната година, продавниците ќе бидат поделени на различни платежни провајдери (Google, Apple и CurrentC), сите пробувајќи да добијат пристап до вашите пари. Подготвени сте за оваа иднина?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.