x

Промена во план: Apple нема да претстави iPhone SE 2 никогаш!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 19 Јуни, 2018 од GSM.mk

Веќе некое време се зборува за iPhone SE 2 и неговите можни спецификации. Иако голем број корисници би сакале да видат следбеник на iPhone SE, Apple не даде никакви знаци дека работи на неговото производство..

Всушност, досега, информациите за уредот, како и концепти од неговиот дизајн, доаѓаа само од "анонимни извори". Пред месец дена,  Olixar сподели интересни концепт фотографии од дизајнот на iPhone SE 2, кои им се допаднаа на голем број фанови. Сега, некое време подоцна, изворот на Olixar, наводно од Forbes, споделил дека следбеникот на нискобуџетниот iPhone дефинитивно нема да го видиме до крајот на годината. 

iPhone SE 2

The iPhone SE 2 is not coming out this year... or ever


Да, iPhone SE 2 не доаѓа оваа година.. но, уште полошо е што најверојатно нема да го видиме никогаш. Како што индустријата се движи кон се поголеми и помоќни телефони, сега за сега, Apple реши да не произведе нискобуџетна алтернатива, туку да се фокусира на производството на следбениците на iPhone X. 

iPhone SE 2 требаше да биде иста големина со оригиналниот уред, но со поголем екран и потенки рамки околу него. Во внатрешноста, истотака очекувавме неколку подобрувања.

Кое е вашето мислење? Дали и вие бевте возбудени за следбеникот на iPhone SE?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.