x

Протекоа слики од бизарниот лаптоп со два екрана на Lenovo

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 03 Ноември, 2021 од GSM.mk

Ако мислевте дека имате видено сè што може да се види кога станува збор за лаптопите - обидете се повторно.

Lenovo, компанија позната по иновациите во многу полиња, се чини дека работи на целосно нов концепт на лаптоп кој има помал, секундарен екран сместен на десната страна од тастатурата. Рака на срце, ова не е прв пат да видиме дека Lenovo воведува лаптопи со двоен екран. Пред 12 години на саемот CES во Лас Вегас, Lenovo го претстави 17-инчниот ThinkPad W700ds, со дополнителен 10,6-инчен екран кој се извлекува од десната страна.

@evleaks повторно во акција

Сликата од новиот лаптоп е објавена на Twitter профилот на познатиот инсајдер evleaks, кој во повеќето случаи досега покажа дека има проверени информации. Секако, додека Lenovo официјално не ја објави потврдата, ова треба да се земе со доза на резерва.

URL

Во случај да се потврди дека навистина станува збор за лаптоп што го подготвува Lenovo, претпоставуваме дека тоа е дополнителна поддршка за креативците, кои сакаат да цртаат и уредуваат фотографии - приближно како интегрирана графичка табла. Самата слика кои протече ја прикажува сликата на големиот екран, додека на малиот има зумирана верзија на која корисникот прави нешто. На сликата се гледа и пенкало, што сугерира дека Lenovo ThinkBook Plus би можел да биде лаптоп наменет за дигитални креативци - уметници, кои би сакале да го заменат нумеричкиот дел со дополнителен екран.

На сликата се гледа и дека Lenovo, покрај дополнителниот екран, ја задржа целосната тастатура и пространиот тачпад. Меѓутоа, ако погледнете подобро, екранот на сликата изгледа прилично широк, па можно е да се работи за еден од најчудните соодноси на страници од 19:10 или дури 2:1.

Lenovo во принцип милува своите нови производи да ги најавува на саемите на CES, а на CES 2021 имавме можност да го видиме ThinkBook Plus Gen 2, на прв поглед многу нормален лаптоп, кој доаѓа со голем e-ink екран на преклопување. Секундарниот екран е со дијагонала од 12 инчи, резолуција од 2560х1600 пиксели и е чувствителен на допир, а во пакетот има и пенкало, кое има сопствен слот во куќиштето за лаптоп.


За уметниците и оние кои се чувствуваат така

За разлика од моделите со e-ink екрани, доколку гласините се покажат точни, новиот лаптоп би можел да биде откровение за дигиталните креативци кои се навикнати да работат со графичка табла. Димензиите на употребливата површина може да бидат потенцијален проблем, но фактот што се работи за екран, а не за панел на допир е голема предност, како и положбата, точно за десната рака (извинување до левораките корисници).

Покрај новиот лаптоп Lenovo ThinkBook Plus, evleaks покажа повеќе слики, меѓу кои и моделот ASUS ROG Zephyrus Duo 16, кој исто така доаѓа со два екрана, од кои се издига секундарниот екран, поврзувајќи ги екранот и тастатурата. Претпоставуваме дека се работи за екран на допир кој може да има двојна функција - проширување на примарниот екран и одделни кратенки, команди и статистика за игрите, бидејќи сепак е гејмерска ROG серија.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 45

https://gsm.mk/">

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Undefined offset: 5

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 45

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 45