x

Прв пат во историјата: Samsung подготвува два Galaxy Note 10 модели!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 03 Април, 2019 од GSM.mk

Note серијата отсекогаш била една од најпопуларните линии на смартфон, со низа успешни и моќни уреди, а овој пат компанијата подготвува драстични промени со новите модели..

Овој пат, компанијата планира да претстави големи промени во дизајнот на Note серијата, претставувајќи два Note 10 модели.

Во последно време, компаниите забележуваат дека корисниците се фанови на помалите смартфони. Токму затоа, со Note 10 серијата Samsung планира да претстави следбеник на буџетскиот Galaxy S10e. Компанијата ќе додаде втор Note 10 модел, заедно со 6.7 инчниот Note 10. Овој уред ќе има помал дисплеј, но останатите спецификации не се познати. Најверојатно, повторно ќе станува збор за голем уред, со 6.4 инчен панел.

Note 10e or Note 10+? Samsung may launch smaller Galaxy Note 10 in some markets

Од останати новитети, Note 10 серијата ќе доаѓа со променет дизјан без никакви физички копчиња.

Претставувањето на овие модели го очекуваме во август, како и секоја година.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.