x

Прв поглед на прототипот на летачкото такси на Uber

Категорија: Занимливости Објавено на 11 Мај, 2018 од GSM.mk

На конференција во Лос Анџелес, Uber го покажа концептот на нивното летачко возило.

Леталото, со кое компанијата се надева дека ќе лансира летачки такси услуги до 2023 година, личи на хибрид помеѓу авион и хеликоптер. Има четири ротори со чија помош полетува, а петтиот ротор на опашката му овозможува пропулзија нанапред. Доколку еден ротор откаже, останатите овозможуваат безбедно приземјување.

Uber за прв пат го претстави својот план за летачко такси во 2016 година, но проектот уште се соочува со проблеми - уште не постојат целосно функционални летала од овој тип, ниту постои инфраструктура која може да ги поддржи ваквите летала.

Ова не значи дека ваквите летала немаат иднина, напротив - во моментов најмалку 19 компании развиваат концепти на вакви летала, а помеѓу нив се и Boeing и Airbus, како и многу мали стартапи.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.