x

Први фотографии од Galaxy A6 Plus: Galaxy J дизајн и многу повеќе!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 25 Април, 2018 од GSM.mk

Веќе некое време се зборува дека Samsung планира да претстави нова Galaxy A линија, заедно со поскапата Galaxy A8 серија. После голем број шпекулации, новите фотографии го потврдуваат изгледот на Galaxy A6+:

Потврдувјќи ги претходните гласини, предниот дел на Galaxy A6 Plus доаѓа со 18:9 панел, што значи дека физичкото Home копче ќе биде отстрането. На задната страна, со својата алуминиумска конструкција, телефонот наликува на голем број уреди од Galaxy J серијата. Фотографиите ги потврдуваат и боите во кои ќе доаѓа: сина, црна и златна.

Од останати спецификации, очекуваме Exynos 7870 процесор во помалата А6 верзија, додека во Plus варијантата ќе се наоѓа Snapdragon 625. Exynos 7870 ќе биде придружен од 3GB RAM и 32GB меморија, а заедно со Snapdragon 625 доаѓаат 4GB RAM и 64GB меморија. Истотака, кај камерите ќе има една значителна разлика, бидејќи поголемата верзија ќе вклучува втора камера на задната страна. 

Наскоро очекуваме Samsung да ги сподели останатите информации за смартфоните. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.