x

Први вистински фотографии од новиот гејмерски телефон на Lenovo!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 08 Април, 2021 од GSM.mk

Новиот гејмерски телефон на Lenovo, Lenovo 2 Pro, ќе биде навистина интересно парче технологија...

Сега се појавија првите фотографии од неговиот уникатен дизајн. Фотографиите се појавија на Weibo, кинеската социјална мрежа. Исто како неговиот претходник, Legion 2 Pro ќе има камера на лизгање.

Lenovo's upcoming gaming phone leaks in hands-on pictures

Голем дел од неговите спецификации веќе беа откриени од Lenovo - знаеме дека ќе работи на Snapdragon 888 5G, ќе има голем, 6.9 инчен дисплеј и батерија од 5500 mAh. Во однос на камерите, ќе се наоѓа главна од 64 мегапиксели со селфи камера од 44 камери.

Неговото најавување е токму денес, на 8 април. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.