x

Првиот Galaxy уред со скенер под дисплејот пристигнува следниот месец!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 06 Септември, 2018 од GSM.mk

Пред неколку месеци, дознавме дека Samsung планира да претстави две нови линии смартфони во Кина, познати како Galaxy P и Galaxy R. Некое време подоцна, конечно имаме повеќе детали за нивните карактеристики:

Според новите детали, изгледа дека Samsung планира импресивно најавување следниот месец. Првиот Galaxy P смартфон, очекувано, ќе биде наречен Galaxy P1. Иако официјални детали не се познати, во внатрешноста ќе се наоѓа Exynos процесор, придружен од 3 или 4GB RAM. Покрај ова, бидејќи е наменет за кинескиот пазар, ќе биде присутен и дуален систем камери на задната страна. 

Во однос на дисплејот, изгледа дека најинтересната карактеристика ќе се наоѓа под панелот. Имено, следниот уред на Samsung од средната класа, Galaxy P1, ќе доаѓа со новата технологија која се почесто ја гледаме кај популарните смартфони - скенер за отпечатоци под дисплејот.

Иако станува збор само за шпекулации, информациите за скенерот се поклопуваат со изјавата на директорите на Samsung - дека новата функција првично ќе биде видена кај новите уреди од средната класа. 

Останува да видиме дали смартфоните ќе бидат достапни на глобално ниво.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.