x

Првиот iPhone со 5G технологија пристигнува во 2020 година

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 04 Ноември, 2018 од GSM.mk

Уште од ноември минатата година, по воспоставување на партнерството помеѓу компаниите Apple и Intel, се шпекулира за нов iPhone со Intel чип за 5G технологија. Имплементирањето на новата технологија и новите чипови ќе започнат нова ера во Apple.

Компанијата не сакаше да ги потврди гласините, но најави дека на пазарот нема да се појави модел на iPhone со 5G технологија наредната година, туку дека тоа веројатно ќе се случи во 2020 година.

Најновиот извештај од Fast Company повторно ја оживеа приказната за Intel процесорот кој ќе биде составен дел од новиот 5G iPhone, кој би требало да биде промовиран во 2020 година. Според извештајот, Apple планира да имплементира чип Intel 8161 5G во новата производна линија на смартфони.

Како дел од овие напори, Intel наводно ќе креира прототип под името 8060, кој ќе биде тестиран на 5G телефон. Меѓутоа, овој модерен чип ќе служи како претходник на 8161 чип кој ќе биде креиран во 10nm процесот.

Извештајот напоменува дека Intel мора да ги реши проблемите со спроведување на топлина на чипот 8060, но изворите сугерираат дека тоа нема да му влијае на Apple да се откаже од Intel како произведувач на 5G модемите и чиповите за iPhone за 2020 година.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.