x

Првиот паметен супермаркет во кој не постојат каси

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 23 Јануари, 2018 од GSM.mk

Муштериите можат да си земат што ќе посакаат од рафтовите и подоцна излегуваат слободно од маркетот без никакво задржување на каса.

Имено, камерите го следат секој чекор на потрошувачите, а долгот автоматски се бележи на електронски паричник и картичка на вашиот телефон во моментот на излегување од продавницата.

Така од вчера купуваат муштериите на автоматскиот супермаркет Amazon Go, кој се отвори во Сиетел.

Иако продавницата е „паметна“, потрошувачите не гледаат никаква разлика во однос на останатите маркети.

Камерите пак, знаат што се сте земале од рафтовите, зошто се предомислувате, па дури и кога го враќањето производот, колку грама е производот и така натаму.

За целото тоа да биде забележано при излегување од маркетот, единствена обврска на потрошувачот е да ја вклучи апликацијата Amazon Go при влегување.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.