x

Првиот трејлер од игрицата Redfall прикажува борба против вампири

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 20 Јуни, 2022 од GSM.mk

Компанијата Microsoft овозможи подлабок увид во игрицата „Redfall“ со објавување на гејмплеј трејлер.

Пуцачката игрица „базирана на вампири“ од студиото на Arkane во Остин, Тексас требаше да се појави на пазарот ова лето, но беше одложена за првата половина на следната година. Во меѓувреме, откриени се некои детали за претстојната игрица.

Првиот гејмплеј трејлер започнува со еден од ликовите, а тоа е Лејла која истражува една црква. Слуша глас на таванот по што следуваат напади на вампири. Во меѓувреме се појавува и Џејкоб, еден од „соработниците“ на Лејла, кој ѝ помага.

Приказната на игрицата „Redfall“ е сместена на остров во близина на брегот на Масачусетс, кој е полн со вампири и култисти кои сакаат да станат вампири.

Вампирите го блокирале сонцето и предизвикале плимата и осеката да се повлечат, така што бегството од островот е невозможно.

Во трејлерот накратко се прикажани уште два лика: инженерот Реми кој има робот убиец за придружник, и Девиндер. Лејла има телекинетичка моќ, додека Џејкоб има способност за „маскирање“. Различните способности на ликовите може да се надградат.

Играњето со што е можно помалку „бучава“ ќе биде предност за гејмерите, а иако „Redfall“ е игрица од отворен свет, тие ќе можат да играат со кој било лик или херој. Игрицата носи многу истражувања, а благодарение на извидувањето и „тивкото“ движење, играчите ќе можат полесно да ги избегнат вампирите, или уништат.

Вампирите имаат хиерархија и имат „гнезда“ што треба да се уништат. Култистите, пак, ќе бидат подготвени да умрат за да ги заштитат вампирите и ќе пукаат веднаш штом ќе ја видат заканата.

Од друга страна, гејмерите ќе имаат на располагање широк арсенал на оружје за борба против непријателот, а некои оружја ќе имаат уникатни карактеристики. Покрај обичните стари пушки, гејмерите ќе можат да користат повеќе традиционални оружја за да ги уништат вампирите, вклучително и фрлач на колци и УВ зраци.


„Redfall“ пристигнува на компјутер, Xbox конзоли и Xbox Cloud во првата половина на наредната 2023 година.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.